Документи за пријавување и запишување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик (од Блаже Конески или меѓународен сертификат);
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
- потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот (урнек од жиро сметката можете да добиете на iKnow системот, во делот Поднесување)
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- индекс и пријавни листови
- две фотографии (3,5х4,5)
- Извод од матичната книга на родените (оригинал)
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)