Регионалниот центар за социјални иновации кој е во состав на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство објавува оглас за избор на практиканти во периодот од 15 јули до 15 септември со времетраење на праксата од еден месец. Право на аплицирање имаат сите студенти од втора, трета и четврта година од додипломските студии на ФИНКИ на сите насоки. Праксата ќе се изведува во просториите на Факултетот.
 
Студентите ќе работат на проекти каде што ќе развиваат мобилни и веб апликации кои ќе бидат наменети за студентите, како и за меѓусебна соработка помеѓу софтверските фирми и студентите. Студентите потребно е да имаат предзнаење во развој на веб технологии (ASP.NET, JavaScript, HTML, CSS, Java, Play Framework), развој на мобилни апликации (Android, iOS), а за предност ќе се смета познавање на Google Maps API, како и користење на податоците од сензорите од мобилните уреди.
 
Сите заинтересирани кандидати да достават свое CV во PDF формат на следниот е-mail. Избраните кандидати ќе бидат дополнително контактирани. 
 
Дополнување: Ве известуваме дека пријавувањето за праксите е затворено. Им благодариме на сите заинтересирани кандидати за нивниот интерес.