Код на предмет: 
F18L3W137
Фонд на часови: 
180
Цел на предметната програма: 

Овој предмет ги запознава студентите со основите на комплексната интеракција која се одвива меѓу човекот и компјутерот. Студентите се запознаваат и со техниките за моделирање на корисници, проблеми, апликации и средини (амбиенти) како и на техники за евалуација и анализа на интелигентни интефејси. Се разгледуваат принципи за градење посредници кои ги опфаќаат ограничувањата и во двете примарно афектирани групи: човекот и компјутерот. Студентите треба да научат дека корисникот е еден од главните елементи при креирање на компјутерските системи. При тоа, се дава увид во начинот за развивање на хардверот и софтверот за различни групи на корисници, како и за специфични апликациски домени. Студентите стекнуваат познавања на принципи за проектирање на кориснички интерфејси адаптибилни на околината, интелигентни кориснички интерфејси базирани на агенти и интерфејси чувствителни на контекст, како и интелигентни решенија наменети за специфични типови на кориснички групи.

Акредитација: