Географски информациски системи

Географски информациски системи

1.

Наслов на наставниот предмет

Географски информациски системи

Geographic Information Systems

2.

Код

F23L3S091

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Управување во информатички технологии, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Андреја Наумоски проф. д-р Коста Митрески

9.

Предуслови за запишување на предметот

90ЕКТС

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Создавање и управување со просторни (Географски) информациони систем.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Вовед во ГИС. Принципи на картографија, картографско моделирање, проекции, грешки и претворање во различни координатни системи. 2. Компоненти и функции на ГИС. Растерски и векторски модели 3. Планирање на развојот на ГИС. Просторно- временски бази на податоци и ГИС. 4. Интеграција на ГИС со системи за глобално позиционирање.Развојни околини за ГИС. 5. Податочно пребарување и ГИС. Различни видови на извештаи кои може да се добијат од ГИС. 6. Тополошки претставувања. Примена на ГИС - примери на типични информациони системи поддржани од елементи на ГИС. 7. Интеграција на различни мултимедиски информации во ГИС и нивно значење. Принципи на визуелизација кај ГИС. 8. Семантичка анализа на мултимедиските податоци. Веб базирани ГИС системи. 9. Интеграција на ГИС во други информациони системи. Моделирање на еколошки системи. 10. Виртуелно моделирање кај ГИС. Најнови достигнувања 11. Современи алатки за проектирање, уредување и користење на ГИС. 12. Просторни податоци и анализи со користење на напредни алатки во ГИС. 13. ГИС сервер. Можности, алатки, сервиси и најнови технлошки достигнувања. Вежби: 1. Вовед во ArcGIS. Реални примери за интеракција со мапи. прикажување на податоци на мапи, навигација на мапа, користење на основни алатки и поглед на аттрибути на мапа. Работа со слоеви. 2. Реални примери за работа со кординатни системи и проекција. Приказ на кординатен систем, проекција на дапотци, дефинирање на проекција на мапа и геореференцирање на растер. 3. Реални примери на географски мапи и податоци. Интернет ресурси на мапи и податоци. Споделување на пакети од ArcGIS за процесирање на мапи и податоци. 4. Реални примери на креирање на симбологија и нијзини карактеристики. Категорични атрибути и нивна симбологија. Креирање на стилови и слоеви. Симбологија на растерски податоци. 5. Реални примери за класификација на карактеристики на мапа. Со користење на стандарни методи. Мапирање на густина. Користење на грануларни и графилки симболи на мапа. 6. Реални примери за динамички лабели. Поставување на правила за приказ на лабела на мапа. Креирање на географски лабели. Конверзија на динамички лабели во анотации. 7. Реални примери на креирање на мапи за презентација и печатење. Креирање на изглед. Додавање на наслов, текст, стандарни елементи на мапа. 8. Креирање на реални гео-референцирани бази на податоци. Креирање на елементи во гео-базата и аттрибути. Цртање на аттрибути од гео-база на податоци. Користење на алатки за конструкција. 9. Реални примери за внесување и менаџирање на гео-карактеристики. Бришње, модификација, делење, спојување и анализа на аттрибутни вредности. 10. Реални примери за геокодирано адресирање. Креирање на адресен локатор, спојување на адреси на мапа и анализа. 11. Реални примери за пребарување на податоци од гео-база на податоци. Селекција и пребарување на аттрибути, користење на прашања, креирање на извештаи. 12. Реални примери за употреба на пребарување на карактерстики по локации. Користење на прашања од гео-базата на податоци за пребарување на локации, комбинација на атрибути и локациски прашања. 13. Реални примери за анализа на податоци од геобази на податоци. Геопроцесирање на векторски податоци, Пресметка ја атрибутни вредности и креирање на графици. Користење на просторна анализа со креирање на растерски површини и нивна комбинација.

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема исофтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана напроектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

3665

Paul Bolstad

GIS Fundamentals: A First Text on Geographic Information Systems, SixthEdition

Wiley & Sons

2020

3666

Paul A. Longlev,‎ Michael F. Goodchild,‎ David J. Maguire,‎ David W. Rhind

Geographic Information Science and Systems 4th Edition

Wiley & Sons

2015

3667

Roger Tomlinson

Thinking About GIS: Geographic Information System Planning for Managers, Fifth edition

2015

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година