ИКТ за развој

ИКТ за развој

1.

Наслов на наставниот предмет

ИКТ за развој

ICT for development

2.

Код

F23L3S102

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Димитар Трајанов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Бизнис и менаџмент

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Целта на курсот е да ги разгледа основите принципи и најдобри практики за користењето на технологијата за развој на човештвото. Да се разбере концептот на одржлив развој кој ги го вклучува влијанието врз природата, луѓето, општеството и управувањето. Разбирање на можностите за примена на нови ИКТ технологии за општо добро.

11.

Содржина на предметната програма:


Улогата на технолошките иновации а особено ИКТ во развојот на човекот и на општеството. Одржлив развој. Цели на Обединети Нации за развој кои треба да го трансформираат светот во подобро место на живеење. Совесен капитализам. Enviromental, Social и Governance (ESG) принципи за развој и инвестирање. Социјални иновации и социјално претприемништво Разгледување на нови ИКТ технологии ((Вештачка интелигенција, Машинско учење, Мобилни уреди, Социјални медиуми) и нивна примена во заштита на околината, грижа за луѓето, подобрување на условите за работа и владеењето. Дизајн центриран кон човекот. Методологија на размислување за дизајн: (1)Емпатија (2) Дефинирање (3)Генерирање идеи (4)Изградба на прототип (5)Тестирање (6)Имплементација

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

0 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

60 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани актибвности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4387

Sarah Williams

Data Action Using Data for Public Good

MIT Press

2022

4388

Cecilia Aragon, Shion Guha, Marina Kogan, Michael Muller and Gina Neff

Human-Centered Data Science

MIT Press

2022

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година