1. Општи информации
Оваа програма е дизајнирана да обучи кадар со солидни статистчки познавања со фокус на новопризнаеното поле наука за податоци. Наставната програма ја комбинира ригорозната статистичка теорија со пошироко практично искуство за примена на статистички модели во работа со податоци.Завршенте студенти ќе бидат во голема побарувачка. Се очекува дека поголемиот дел од студентите да се вработат како статистичари, аналитичари и експерти за работа со податоци во рамките на приватните и јавните институции кои обезбедуваат статистички консултации.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: Академски студии од втор циклус по Статистика за аналитика на податоци
- Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко / природно математичко
- Поле: Информатика / математика
- Области: Математичка статистика и операциони истражувања, Процесирање на податоци, Применета математика и математичко моделирање, Програмирање, Вештачка интелегенција, Алгоритми, Обработка на информации.
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар= 15 недели).
- Услови за запишување на студиите: согласно конкурсот кој го распишува универзитетот, завршени додипломски студии на информатички науки, компјутерски или сродни насоки кои носат минимум 240 кредити.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен предмет и завршен проект – магистерска тема од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактни часови е 4.
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е Mагистер по информатички науки – Статистика за аналитика на податоци
Master of Science in Informatics - Statistics for Data Analytics
2. Студии
Табела 2: Листа на предметите на постдипломски студии по Статистика за аналитика на податоци
РБ | КОД / Предмет | Семестар | З/И | ЕКТС |
1 | СНП-З-1 Анализа на податоци со статистички пакети | IX | З | 6 |
2 | СДП-З-3 Бајесова анализа на податоци | IX | З | 6 |
3 | СДП-З-4 Подготовка и истражувачка анализа на податоци | IX | З | 6 |
4 | Изборен предмет од табела 4 | IX | И | 6 |
5 | Изборен предмет од табела 4 | IX | И | 6 |
6 | СНП-З-2 Регресиони модели | X | З | 6 |
7 | Изборен предмет од табела 4 | X | И | 6 |
8 | Магистерска тема | X | З | 18 |
Во табела 3 се дадени изборните предмети од студиската програма Статистика за аналитика на податоци. Освен овие предмети, студентот може да избира и од сите изборни предмети, дефинирани за сите студиски програми, од вториот циклус кои ги сервисира факултетот. Дозволено е еден изборен предмет да се избере од универзитетската листа на слободни изборни предмети.
Табела 3: Понудена листа на изборни предмети
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.