Докторски студии
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на двете електронски адреси:
- електронска адреса на Универзитетската школа за докторски студии: skola_za_ds@ukim.edu.mk
- електронска адреса на факултетот/институтот каде што припаѓа студиската програма: iii-finki@ukim.edu.mk
Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, ги поднесува следните документи во скенирана форма на двете електронски адреси:
- пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
- писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;
- кратка биографија;
- докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување,и тоа: - уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии - уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии - диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии - диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии - сертификат/ уверение за познавање на светски јазик - кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.С.Македонија. “
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2022/2023 година во првиот рок ќе запише вкупно 128 студенти на докторски студии.
Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.