Структурно програмирање

Структурно програмирање

1.

Наслов на наставниот предмет

Структурно програмирање

Structured programming

2.

Код

F23L1W020

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

1 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Ана Мадевска Богданова доц. д-р Бобан Јоксимоски проф. д-р Дејан Ѓорѓевиќ доц. д-р Емил Станков проф. д-р Ѓорѓи Маџаров ворн. проф. д-р Христина Михајлоска проф. д-р Иван Чорбев проф. д-р Ивица Димитровски ворн. проф. д-р Катарина Тројачанец Динева проф. д-р Миле Јованов проф. д-р Невена Ацковска

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Да се воведат студентите во парадигмата на структурното програмирање, да го разберат концептот на алгоритми и да се оспособат да развиваат алгоритми, да кодират, тестираат и компајлираат програми. Студентите ќе можат да пишуваат програми за решавање проблеми преку користење на податочни типови, контролни структури, функции, низи во програмскиот јазик C++.

11.

Содржина на предметната програма:


1. Вовед. Алгоритми и програми. Програмирање и програмски јазици. Структурно програмирање. Процес на креирање и извршување на програма 2. Алгоритамски контролни структури. Редоследна структура. Елементи од С++. Величини и податоци. Променливи. Оператор за доделување. Основни типови на податоци. Влез и излез. Први програми со редоследна структура. 3. Претставување на броеви во компјутер, опсег на броеви, повеќе за типови на податоци и нивни опсези. Конверзија на тип на податоци. Релациски оператори. Споредбени и логички изрази. Структура за избор од 2 можности. 4. Контролни структури за избор (if – else, Условен оператор ?:, switch) 5. Контролни структури за повторување 6. Алгоритамско размислување, правилен алгоритам. Внимателна употреба на break и continue и неупотреба на goto. Сложеност на алгоритми. Временска сложеност. 7. Функции. Примена на функции. Подрачје на важење на променливите 8. Низи: еднодимензионални, дводимензионални.... 9. Едноставни алгоритми за работа со низи/ познати алгоритми и решавање проблеми (пребарување, сортирање...) 10. Рекурзија и покажувачи 11. Работа со низи од знаци, стрингови, датотеки

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 60 + 15 + 15 + 60 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

60 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

60 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

80 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовност и активност на лаб. вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Tony Gaddis

Starting Out with C++ from Control Structures to Objects, 9th edition

Pearson

2018

2

П. Дајтл, Х. Дајтл

С++, Како се програмира

‎ АРС Ламина

2010

3

Eric Roberts

Programming Abstractions in C++

Pearson

2013

4

Bjarne Stroustrup

Programming: Principles and Practice Using C++, Second Edition

Addison-Wesley

2014

5

Stanley B. Lippman

C++ Primer

Addison-Wesley

1998

6

Ѓ. Јованчевски, М. Јованов, Н. Ацковска, Б. Стојчевска

Збирка алгоритми и програми

Гоцмар

2017

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година