1.Општи информации

Студиите се наменети за создавање на врвен кадар во областа на информатичкото образование, пред се во средните училишта. Ваквиот образовeн кадар е подготвен да ги пренесе најновите информатички технологии на учениците, ќе овозможи повисоко ниво на познавање на информатичките технологии на сите средношколци, а ќе придонесе и да се подобри нивото на знаење на влез на идните студенти на студиите по информатика на универзитетите.

 

2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран професор по информатика

 

3. Наставна програма

Во наставната програма е предвидено да има 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетската листа.

Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:

  • Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
  • Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
  • Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.

Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.

Courses: 
Semester: 1
Mandatory Courses
Course Credits
Вовед во компјутерските науки 6.00 Mandatory Courses
Дискретна математика 6.00 Mandatory Courses
Педагогија 6.00 Mandatory Courses
Професионални вештини 6.00 Mandatory Courses
Структурно програмирање 6.00 Mandatory Courses
Semester:
Course Credits
Semester: 2
Mandatory Courses
Course Credits
ИТ системи за учење 6.00 Mandatory Courses
Калкулус 6.00 Mandatory Courses
Компјутерски архитектури 6.00 Mandatory Courses
Објектно-ориентирано програмирање 6.00 Mandatory Courses
Предмети-текст: 
* - изборниот предмет може да биде и предмет од Универзитетската листа