Education with ICT (4+1)

Постдипломските студии по Едукација со ИКТ се стремат кон врвно европско и светско образование и обучување на едукаторите од основните и средните училишта со најсовремените пристапи кон усвојување нови знаења, како и со користење на напредните информатички технологии. Овие студии ќе овозможат и на слушателите од инженерските насоки да се насочат кон истражување од областа на едукацијата на информатичките науки. Слушателите по завршувањето на студиите ќе можат поуспешно да се приближат до новите генерации ученици од областа на информатиката.

Програмата во рамките на студиите за Едукација со ИКТ се компатибилни со соодветните студии кои се нудат на најголемиот број светски универзитети кои ја поддржуваат оваа тематика и овозможуваат мобилност на студентите. Некои од нив се:

  1. Институт за едукација, Лондон Универзитет, Англија

http://www.ioe.ac.uk/study/PMM9_ICT9IM.html

  1. Кингс Колеџ Лондон, Англија

http://www.kcl.ac.uk/prospectus/graduate/structure/name/computing-in-edu...

  1. Универзитет во Единбург, Велика Британија

http://online.education.ed.ac.uk/content/

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Eдукација со ИКТ
  • Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
  • Поле: информатикa
  • Област: информатика
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии пред ЕКТС или завршени додипломски студии кои носат минимум 240 кредити.
  • Прв семестар: три задолжителни предмети и два изборни предмета, за вкупно 5 предмети, од кои еден може да биде од Универзитетска листа (5x6=30 EKTС).
  • Втор семестар: два изборни предмети и завршен проект – магистерска тема (12+18=30 ЕКТС)
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.

Стекната титула:  Магистер по Едукација со ИКТ

2. Студии
 

Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии

 

Код

Име на предметот

Статус

Семестар

ЕКТС

1

ЕДУ-З-01

Современи наставни методи

З

зимски

6

2

ЕДУ-З-02

Напредни ИКТ во образованието

З

зимски

6

3

ЕДУ-З-03

Креирање на дигитални едукативни содржини

З

зимски

6

4

 

Изборен предмет

И

зимски

6

5

 

Изборен предмет

И

зимски

6

6

 

Изборен предмет

И

летен

6

   7   Изборен предмет И летен            6

 

По освојување на 18 ЕКТС, студентите имаат право на пријавување на магистерска тема за која по нејзиното завршување ќе освојат 18 ЕКТС.

2.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.