1. Општи информации
Веројатноста и статистиката го поврзуваат математичкиот свет на теориски модели со емпирискиот свет на експериментирање и собирање на податоци. Статистичкото моделирање има огромна примена во сите гранки на индустријата и науката, како на пример комуникациски мрежи, финансиско работење, осигурување, истражувања на пазарот, генетски истражување, медицински истражувања и други. Од друга страна актиуарството како професија се повеќе се наметнува како потреба на пазарот на трудот. Образованието од областа на актуарството се надградува на солидни познавања од областа на стохастиката, финансиската и актуарската математика.
Студентите по завшувањето ќе можат успешно да ги користат веројатносно статистичките методи за моделирање на реалните проблеми и да се вклучат во систем на донесување на правилни одлуки базирани на информаците стекнати од расположивите податоци. Образованието од областа на актуарска математика дополнително ќе овозможи вклучување на завршените студенти во моделирањата во областа на осигурувањето.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиска програма: Статистика и актуарска математика
- Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
- Поле: математика и статистика
- Област: математичка статистика и операциони истражувања, применета математика и математичко моделирање и актуарство
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
- Траење на студиите: 2 семестри
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
- Услови за запишување на студиите: студиите им се првенствено наменети на студентите кои стекнале 240 кредити или завршиле четиригодишни академски студии од областа на природно – математичките, технолошко – техничките, економските и медицинско-биолошки науки.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 2 задолжителни предмети и 2 изборни предмети од областа.
- Втор семестар: 1 задолжителен предмет од областа, 1 изборен предмет од областа и 1 изборен предмет кој може да биде од Универзитетската листа и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по Статистика и актуарска математика – модул статистика и примени, или Магистер по Статистика и актуарска математика – модул актуарска математика
2. Студии
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии за модул Статистика и примени
Професори |
Предмет |
Семестар |
ЕКТС |
|
1 | проф. д-р Марија Михова, проф. д-р Жанета Попеска |
IX |
6 | |
2 | проф. д-р Жанета Попеска, проф. д-р Марија Михова | Повеќе-димензионална анализа | IX | 6 |
3 |
Изборен предмет од областа |
IX |
6 |
|
4 |
Изборен предмет од областа |
IX |
6 |
|
5 | проф. д-р Верица Бакева |
X |
6 |
|
6 | Изборен предмет од областа | X | 6 | |
7 | Изборен предмет од универзитетска листа | X | 6 | |
8 | Магистерска тема | X | 6 |
Табела 2: Листа на предметите на постдипломски студии за модул Актуарска математика
Професори |
Предмет |
Семестар |
ЕКТС |
|
1 | проф. д-р Марија Михова, проф. д-р Жанета Попеска |
IX |
6 | |
2 | проф. д-р Марија Михова | Финансиска математика | IX | 6 |
3 | проф. д-р Жанета Попеска, проф. д-р Марија Михова |
IX |
6 |
|
4 |
Изборен предмет од областа |
IX |
6 |
|
5 | проф. д-р Верица Бакева |
X |
6 |
|
6 | Изборен предмет од областа | X | 6 | |
7 | Изборен предмет од универзитетска листа | X | 6 | |
8 | Магистерска тема | X | 6 |