Management in IT technologies (4+1)
1. Општи информации
Постдипломските студии по Управување во информатички технологии имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на високо образувани кадри со длабоки познавања на методи и техники за управување со ИКТ проекти и системи. По завршувањето на студиите овие кадри ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, управување и мониторинг на ИКТ проекти и системи вклучувајќи ги и нивните бизнис аспекти.
Програмата во рамките на студиите по Управување во информатички технологии се компатибилни со соодветните студии кои се нудат на најголемиот број светски универзитети кои ја поддржуваат оваа тематика и овозможуваат мобилност на студентите.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ
- Назив на студиската програма: Управување во информатички технологии
- Научно - истражувачко подрачје: 2 техничко-технолошко
- Поле: 212 компјутерска техника и информатика
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Услови за запишување на студиите: На студиите по Управување во информатички технологии можат да се запишат студенти кои имаат завршено студии кои имаат 240 или 180 кредити на додипломски студии .
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со првиот семестар на постдипломските студии.
- Прв семестар: 2 задолжителни предмети, 2 изборени предмети од областа.
- Втор семестар: 1 задолжителен предмет од областа, 1 изборен предмет предмет од областа и 1 изборен предмет од листата на УКИМ и завршен проект – магистерска тема (18 ЕКТС)
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
По успешното завршување на постдипломските студии по Управување во информатички технологии, успешниот студент ќе ги поседува следниве општи способности и квалификации:
- Способност за работа во интердисиплинарни тимови
- Моќ за анализа и синтеза
- Моќ за примена на знаењето во праксата
- Моќ за генерирање нови идеи (креативност)
- Моќ за учење
- Способност за критика и самокритика
- Способност за донесување одлуки
- Познавање англиски јазик
- Истражувачки способности
По успешното завршување на постдипломските студии по Управување во информатички технологии, успешниот студент ќе ги поседува следниве специфични способности и квалификации:
Знаење и разбирање
|
Обезбедува на продлабочени знаења и разбирања на теориските основи на софтверски и иновациски проектен менаџмент, управување со информациски системи и ризици како и други дисциплини. Стекнување на потребните знаења од областа на менаџмент со ИКТ системи и проекти. Развој на напредни вештини во планирање, проектирање, дизајнирање, управување, тестирање, како и имплементација на ИКТ системи и проекти. Покажува високо ниво на професионална компетентност во анализа на емпириски податоци во областа на бизнисот, индустрија, економија и влада. Работа со применети апликации за управување со проекти, ресурси, пари и луѓе. Владее со најновите индустриски стандарди и најдобри пракси, како и со можностите за подобрувања и идниот развој во областа. |
Примена на знаењето и разбирањето
|
Може да го примени знаењето и разбирањетоза професионално усовршување во потесна област од Управување во информатички технологии. Покажува вештини и знаење потребни за индивидуата да биде компетентна за управување на ИТ системи и проекти на високо ниво. Компетенциите го квалификуваат со цврста менаџмент и техничка основа со можност за вклучување на избран спектар од пошироки аспекти од Управување во информатички технологии и слично кои ќе одговараат на потребите на професионалецот во ова поле со постојан и брз развој. Продлабочени познавања на управување потребни за ефикасна работа на ИКТ менаџер, независен специјалист или член на специјализиран тим. |
Способност за проценка |
Демонстрира посветеност за самонапредување, и постојан професионален развој. Покажува продлабочено знаење за напредни техники за анализа и дизајн од областите на Управување во информатички технологии. Демонстрира познавање на најдобрите практики за подобрување на продуктивноста и взаемното разбирање во бизнис организациите земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти. Покажува способност за самостојно носење на управувачки одлуки и поврзување на бизнис практиката со апликативните решенија. |
Комуникациски вештини |
Покажува способност за комуникација со колегите и за тимска работа преку висока свесност за значењето и моќта на комуникациите. Илустрира ефективна размена на информации, идеи и аргументирано поткрепени предлози. Демонстрира висока способност за работа и раководење со мултидисциплинарни тимови Покажува способности за планирање и управување со времето на менаџерско ниво и професионална социјализација и решавање конфликти. Препознава комплексни организациски структури и потреба за нивно реструктурирање, го разбира нивното влијание на ефективноста и ефикасноста во комбинација со модерните технологии. |
Вештини на учење |
Покажува разбирање на основите на истражувачката методологија, со способности да оценува, дизајнира и изведува истражување во областа, да формулира, планира истражувачки проект и продлабочено да комуницира на темата. Демонстрира способност за разумна проценка и генерирање на идеи со креативно и критичко размислување, совладување нови теории, модели, техники и технологии, ценејќи ја притоа неопходноста од постојан професионален развој. Способен е да ги избере и сфати процедурите и методите за структурирање, обединување и ракување со информациите и податоците во една околина. Поседува висока самодоверба и независност, проактивност и самосвесност за изведување и делегирање на работни задачи и управување со понатамошната кариера. |
Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на управување во информатички технологии.
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии
|
Код |
Име на предметот |
Статус |
Семестар |
ЕКТС |
П |
А |
Л |
1 |
ITMW01 |
З |
зимски |
6 |
2 |
1 |
0 |
|
2 |
ITMW02 |
З |
зимски |
6 |
2 |
1 |
0 |
|
3 |
|
И |
зимски |
6 |
|
|
|
|
4 |
|
И |
зимски |
6 |
|
|
|
|
5 |
|
И |
зимски |
6 |
|
|
|
|
6 |
ITMS01 |
З |
летен |
6 |
2 |
1 |
0 |
|
7 |
|
И |
летен |
6 |
|
|
|
|
8 |
|
Магистерска тема |
З |
летен |
18 |
|
|
|