Втор циклус студии
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 01 октомври до 16 октомври 2026 година. Запишувањето на кандидатите ќе се одвива на 21 и 22 октомври 2026 година.
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, документите во хартиена форма, треба да се донесат на шалтер во Студентска служба - ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 12:00 часот.
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ.
