1.Општи информации

Додипломските студии по компјутерски науки имаат за цел обезбедување на врвен кадар за задоволување на сé поголемата побарувачка за инженери по информатички науки и компјутерско инженерство. Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со знаења кои им обезбедуваат голема професионална флексибилност и широк избор на работни места секаде каде постои потреба од примена на вештини за решавање на проблеми, како и вештини за критичко размислување, кои ќе ги користат за решавање на комплексни пресметковни проблеми. Дипломираните кадри ќе можат лесно да најдат работа во компаниите и истражувачките центри. Освен што би биле обучени да учествуваат во развивање, имплементација и одржување на најразлични софтверски апликации, тие ќе ја имаат и потребната основа да продолжат со постдипломски студии, како и да учествуваат во интердисциплинарни проекти од науката и технологијата.

 

2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока Компјутерски науки
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока Компјутерски науки

 

3. Наставна програма

Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.

Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:

  • Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
  • Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
  • Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.

Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.

Courses: 
Semester: 1
Mandatory Courses
Course Credits
Вовед во компјутерските науки 6.00 Mandatory Courses
Дискретни структури 1 6.00 Mandatory Courses
Калкулус 1 6.00 Mandatory Courses
Професионални вештини 6.00 Mandatory Courses
Структурно програмирање 6.00 Mandatory Courses
Semester:
Course Credits
Semester: 2
Elective courses
Course Credits
Компјутерски компоненти 6.00 Elective courses
Semester: 3
Semester: 4
Mandatory Courses
Course Credits
Вештачка интелигенција 6.00 Mandatory Courses
Оперативни системи 6.00 Mandatory Courses
Софтверско инженерство 6.00 Mandatory Courses
Semester: 5
Mandatory Courses
Course Credits
Бази на податоци 6.00 Mandatory Courses
Semester: 6
Mandatory Courses
Course Credits
Машинско учење 6.00 Mandatory Courses
Semester: 7
Mandatory Courses
Course Credits
Програмски парадигми 6.00 Mandatory Courses
Semester: 8
Mandatory Courses
Course Credits
Дипломска работа 6.00 Mandatory Courses
Предмети-текст: 
*- изборниот предмет може да биде и предмет од Универзитетската листа | **-предмети предвидени за студенти кои запишуваат тригодишни студии