25/08/2022
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2022/23 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 30.8. и 31.8.2022 година.
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во просториите на ФИНКИ на наведените датуми д 09:00 до 14:30 часот.
Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на 15 и 16.9.2022 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на 28.9.2022 година.
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ, како и начинот на пресметување на поените, се дадени во делот Потребни предмети.
За кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/20 година и не полагале матура согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба, освен пресметувањето на бодовите од успехот, се пресметуваат и најмногу 40 поени од предметите кои се значајни за студиската програма, и тоа: збирот од оценките од секој од двата предмета значајни за студиската програма се дели со бројот на оценките (независно во колку години предметот се слушал во средното образование) и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата предмета.
Предмети кои се бодираат при вреднувањето на успехот од средното образование за кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/20 година, или пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура сe по избор на кандидатите: математика; физика; основи на електротехника; информатика
Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи.
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2022/2023 година ќе запише вкупно 1080 студенти. Заинтересираните матуранти ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
Студиски програми од прв циклус на ФИНКИ
- (3 или 4 годишни студии)
Официјални информации за акредитацијата на студиските програми се објавени од Министерството за образование и наука, а точната распределба на слободни места во секоја од нив може да се погледне во делот Квоти.
Информативни инфографици за новите студиски програми може да се погледнат на следниот линк.
0