1.Општи информации
Додипломските студии по Примена на информациски технологии имаат за цел обезбедување на врвен информатички кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за информатички инженери кои покрај техничките знаења имаат и бизнис знаења и претприемачки дух. Овие студии ќе создаваат кадар кој ќе има знаење за алатките и принципите на раководење со проекти со значајно учество на информатичката технологија од една страна, но и примена на современи информатички алатки во процесот на управување со проекти или претпријатија од друга страна. Дипломците од овие студии кои ќе бидат способни да дадат поддршка на системите што во својата работа на апликативно ниво користат иновативни технологии.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока Примена на информациски технологии
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока Примена на информациски технологии
3. Наставна програма
Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.
Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:
- Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
- Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
- Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.
Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Бизнис и менаџмент | 6.00 | Задолжителни предмети |
Вовед во компјутерските науки | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дискретна математика | 6.00 | Задолжителни предмети |
Професионални вештини | 6.00 | Задолжителни предмети |
Структурно програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Архитектура и организација на компјутери | 6.00 | Задолжителни предмети |
Бизнис статистика | 6.00 | Задолжителни предмети |
Маркетинг | 6.00 | Задолжителни предмети |
Објектно-ориентирано програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
Спорт и здравје | 0.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
ИТ системи за учење | 6.00 | Изборни предмети |
Калкулус 2 | 6.00 | Изборни предмети |
Калкулус | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерски компоненти | 6.00 | Изборни предмети |
Креативни вештини за решавање проблеми | 6.00 | Изборни предмети |
Објектно ориентирана анализа и дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
Основи на веб дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Алгоритми и податочни структури | 6.00 | Задолжителни предмети |
Компјутерски мрежи и безбедност | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Дигитизација | 6.00 | Изборни предмети |
Економија за ИКТ инженери | 6.00 | Изборни предмети |
Интернет програмирање на клиентска страна | 6.00 | Изборни предмети |
Напредно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Управување со техничката поддршка | 6.00 | Изборни предмети |
Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Оперативни системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Софтверско инженерство | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Анализа на софтверските барања | 6.00 | Изборни предмети |
Безжични и мобилни системи | 6.00 | Изборни предмети |
Вештачка интелигенција | 6.00 | Изборни предмети |
Визуелно програмирање | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во екоинформатиката | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во случајни процеси | 6.00 | Изборни предмети |
Дизајн на алгоритми | 6.00 | Изборни предмети |
Е-влада | 6.00 | Изборни предмети |
Електрични кола | 6.00 | Изборни предмети |
Интернет технологии | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерска графика | 6.00 | Изборни предмети |
Концепти на информатичко општество | 6.00 | Изборни предмети |
Медиуми и комуникации | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Бази на податоци | 6.00 | Задолжителни предмети |
Веб програмирање | 6.00 | Задолжителни предмети |
Вовед во науката за податоци / Изборен предмет** | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Администрација на системи | 6.00 | Изборни предмети |
Визуелизација | 6.00 | Изборни предмети |
Дизајн и архитектура на софтвер | 6.00 | Изборни предмети |
Информациска безбедност | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерска етика | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерски звук, говор и музика | 6.00 | Изборни предмети |
Линеарна алгебра и примени | 6.00 | Изборни предмети |
Мултимедиски мрежи | 6.00 | Изборни предмети |
Напреден веб дизајн | 6.00 | Изборни предмети |
Основи на роботиката | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Дизајн на интеракцијата човек-компјутер | 6.00 | Задолжителни предмети |
Електронска и мобилна трговија / Дипломска работа** | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Агентно-базирани системи | 6.00 | Изборни предмети |
Безжични мултимедиски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Вградливи микропроцесорски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Виртуелизација | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во мрежна наука | 6.00 | Изборни предмети |
Географски информациски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Интегрирани системи | 6.00 | Изборни предмети |
Континуирана интеграција и испорака | 6.00 | Изборни предмети |
Машинско учење | 6.00 | Изборни предмети |
Мултимедиски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Податочно рударство | 6.00 | Изборни предмети |
Сервисно ориентирани архитектури | 6.00 | Изборни предмети |
Софтверски дефинирана безбедност | 6.00 | Изборни предмети |
Софтверски квалитет и тестирање | 6.00 | Изборни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Менаџмент информациски системи | 6.00 | Задолжителни предмети |
Тимски проект | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Дипломска работа | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Изборен предмет | 6.00 | Задолжителни предмети |
Претприемништво | 6.00 | Задолжителни предмети |
Управување со ИКТ проекти | 6.00 | Задолжителни предмети |
Предмет | Кредити | |
---|---|---|
Биолошки инспирирано пресметување | 6.00 | Изборни предмети |
Блоковски вериги и криптовалути | 6.00 | Изборни предмети |
Веб пребарувачки системи | 6.00 | Изборни предмети |
Вовед во когнитивни науки | 6.00 | Изборни предмети |
ИКТ за развој | 6.00 | Изборни предмети |
Интелигентни информациски системи | 6.00 | Изборни предмети |
Интелигентни системи | 6.00 | Изборни предмети |
Компјутерска анимација | 6.00 | Изборни предмети |
Мобилни апликации | 6.00 | Изборни предмети |
Моделирање и менаџирање на бизнис процеси | 6.00 | Изборни предмети |
Модерни трендови во роботика | 6.00 | Изборни предмети |
Напредни бази на податоци | 6.00 | Изборни предмети |
Неструктурирани бази на податоци | 6.00 | Изборни предмети |
Складови на податоци и аналитичка обработка | 6.00 | Изборни предмети |
Споделување и пресметување во толпа | 6.00 | Изборни предмети |