1.Општи информации

Додипломските студии по име на студиската програма имаат за цел обезбедување на врвен инженерски кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за компјутерски инженери. Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со знаења кои им обезбедуваат голема професионална флексибилност и широк избор на работни места секаде каде постои потреба од проектирање, имплементација и одржување на компјутерски системи. Дипломираниот инженер од овој профил својата кариера може да ја гради во индустријата, во јавниот и услужениот сектор, но, особено во компаниите за развој на компјутерски системи, системите што треба да работат во реално време, системите за поддршка на телекомуникациски услуги, услуги базирани на интернет, напредни кориснички интерфејси, апликативни решенија поврзани со дизајн и имплементација на компјутерски системи и друго.

 

2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока компјутерско инженерство
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока компјутерско инженерство

 

3. Наставна програма

Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.

Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:

  • Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
  • Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
  • Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.

Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.

Предмети: 
Семестар: 1
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Дизајн на дигитални кола 6.00 Задолжителни предмети
Калкулус 1 6.00 Задолжителни предмети
Професионални вештини 6.00 Задолжителни предмети
Структурно програмирање 6.00 Задолжителни предмети
Физика 6.00 Задолжителни предмети
Семестар: 2
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Дискретна математика 6.00 Задолжителни предмети
Калкулус 2 6.00 Задолжителни предмети
Компјутерски архитектури 6.00 Задолжителни предмети
Објектно-ориентирано програмирање 6.00 Задолжителни предмети
Спорт и здравје 0.00 Задолжителни предмети
Изборни предмети
Предмет Кредити
Компјутерски компоненти 6.00 Изборни предмети
Креативни вештини за решавање проблеми 6.00 Изборни предмети
Маркетинг 6.00 Изборни предмети
Објектно ориентирана анализа и дизајн 6.00 Изборни предмети
Основи на веб дизајн 6.00 Изборни предмети
Основи на сајбер безбедноста 6.00 Изборни предмети
Семестар: 3
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Алгоритми и податочни структури 6.00 Задолжителни предмети
Веројатност и статистика 6.00 Задолжителни предмети
Компјутерски мрежи 6.00 Задолжителни предмети
Изборни предмети
Предмет Кредити
Инженерска математика 6.00 Изборни предмети
Интернет програмирање на клиентска страна 6.00 Изборни предмети
Напредно програмирање 6.00 Изборни предмети
Основи на комуникациски системи 6.00 Изборни предмети
Управување со техничката поддршка 6.00 Изборни предмети
Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси 6.00 Изборни предмети
Семестар: 4
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Електрични кола 6.00 Задолжителни предмети
Оперативни системи 6.00 Задолжителни предмети
Софтверско инженерство 6.00 Задолжителни предмети
Изборни предмети
Предмет Кредити
Анализа на софтверските барања 6.00 Изборни предмети
Безжични и мобилни системи 6.00 Изборни предмети
Вештачка интелигенција 6.00 Изборни предмети
Визуелно програмирање 6.00 Изборни предмети
Вовед во екоинформатиката 6.00 Изборни предмети
Вовед во случајни процеси 6.00 Изборни предмети
Дигитално процесирање на слика 6.00 Изборни предмети
Дизајн на алгоритми 6.00 Изборни предмети
Интернет технологии 6.00 Изборни предмети
Компјутерска графика 6.00 Изборни предмети
Медиуми и комуникации 6.00 Изборни предмети
Одржливи и енергетски ефикасни компјутерски системи 6.00 Изборни предмети
Теорија на информации со дигитални комуникации 6.00 Изборни предмети
Семестар: 5
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Бази на податоци 6.00 Задолжителни предмети
Информациска безбедност / Изборен предмет** 6.00 Задолжителни предмети
Компјутерска електроника / Изборен предмет** 6.00 Задолжителни предмети
Изборни предмети
Предмет Кредити
Администрација на системи 6.00 Изборни предмети
Веб програмирање 6.00 Изборни предмети
Визуелизација 6.00 Изборни предмети
Вовед во науката за податоци 6.00 Изборни предмети
Дизајн и архитектура на софтвер 6.00 Изборни предмети
Компјутерска етика 6.00 Изборни предмети
Компјутерски звук, говор и музика 6.00 Изборни предмети
Линеарна алгебра и примени 6.00 Изборни предмети
Мрежна безбедност 6.00 Изборни предмети
Мултимедиски мрежи 6.00 Изборни предмети
Напреден веб дизајн 6.00 Изборни предмети
Основи на роботиката 6.00 Изборни предмети
Паралелно и дистрибуирано процесирање 6.00 Изборни предмети
Семестар: 6
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Вградливи микропроцесорски системи 6.00 Задолжителни предмети
Процесирање на сигналите / Дипломска работа** 6.00 Задолжителни предмети
Изборни предмети
Предмет Кредити
Агентно-базирани системи 6.00 Изборни предмети
Администрација на мрежи 6.00 Изборни предмети
Безжични мултимедиски системи 6.00 Изборни предмети
Виртуелизација 6.00 Изборни предмети
Вовед во мрежна наука 6.00 Изборни предмети
Дигитална форензика 6.00 Изборни предмети
Дизајн на интеракцијата човек-компјутер 6.00 Изборни предмети
Интегрирани системи 6.00 Изборни предмети
Континуирана интеграција и испорака 6.00 Изборни предмети
Криптографија 6.00 Изборни предмети
Машинско учење 6.00 Изборни предмети
Мерење и анализа на интернет сообраќај 6.00 Изборни предмети
Мултимедиски системи 6.00 Изборни предмети
Паралелно програмирање 6.00 Изборни предмети
Податочно рударство 6.00 Изборни предмети
Процесна роботика 6.00 Изборни предмети
Сервисно ориентирани архитектури 6.00 Изборни предмети
Современи компјутерски архитектури 6.00 Изборни предмети
Софтверски квалитет и тестирање 6.00 Изборни предмети
Статистичко моделирање 6.00 Изборни предмети
Семестар: 7
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Софтвер за вградливи системи 6.00 Задолжителни предмети
Изборни предмети
Предмет Кредити
Автономна роботика 6.00 Изборни предмети
Администрација на бази на податоци 6.00 Изборни предмети
Веб базирани системи 6.00 Изборни предмети
Вовед во биоинформатиката 6.00 Изборни предмети
Вовед во паметни градови 6.00 Изборни предмети
Вовед во препознавање на облици 6.00 Изборни предмети
Дигитална постпродукција 6.00 Изборни предмети
Дистрибуирани системи 6.00 Изборни предмети
Дистрибуирано складирање на податоци 6.00 Изборни предмети
Имплементација на системи со слободен и отворен код 6.00 Изборни предмети
Интернет на нештата 6.00 Изборни предмети
Компјутерски поддржано производство 6.00 Изборни предмети
Машинска визија 6.00 Изборни предмети
Менаџмент информациски системи 6.00 Изборни предмети
Методологија на истражувањето во ИКТ 6.00 Изборни предмети
Мобилни информациски системи 6.00 Изборни предмети
Мобилни платформи и програмирање 6.00 Изборни предмети
Моделирање и симулација 6.00 Изборни предмети
Мрежна и мобилна форензика 6.00 Изборни предмети
Напредна интеракција човек компјутер 6.00 Изборни предмети
Операциони истражувања 6.00 Изборни предмети
Оптички мрежи 6.00 Изборни предмети
Пресметување во облак 6.00 Изборни предмети
Програмирање на видео игри 6.00 Изборни предмети
Програмски парадигми 6.00 Изборни предмети
Социјални мрежи и медиуми 6.00 Изборни предмети
Семестар: 8
Задолжителни предмети
Предмет Кредити
Дипломска работа 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Изборен предмет 6.00 Задолжителни предмети
Управување со ИКТ проекти 6.00 Задолжителни предмети
Изборни предмети
Предмет Кредити
Биолошки инспирирано пресметување 6.00 Изборни предмети
Блоковски вериги и криптовалути 6.00 Изборни предмети
Веб пребарувачки системи 6.00 Изборни предмети
Виртуелна реалност 6.00 Изборни предмети
Вовед во когнитивни науки 6.00 Изборни предмети
Дизајн на компјутерски мрежи 6.00 Изборни предмети
Етичко хакирање 6.00 Изборни предмети
Интелигентни системи 6.00 Изборни предмети
Компјутерска анимација 6.00 Изборни предмети
Мобилни апликации 6.00 Изборни предмети
Модерни трендови во роботика 6.00 Изборни предмети
Напредни бази на податоци 6.00 Изборни предмети
Неструктурирани бази на податоци 6.00 Изборни предмети
Претприемништво 6.00 Изборни предмети
Споделување и пресметување во толпа 6.00 Изборни предмети
Предмети-текст: 
*- изборниот предмет може да биде и предмет од Универзитетската листа | **-предмети предвидени за студенти кои запишуваат тригодишни студии