1.Општи информации
Додипломските студии по име на студиската програма имаат за цел обезбедување на врвен инженерски кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за компјутерски инженери. Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со знаења кои им обезбедуваат голема професионална флексибилност и широк избор на работни места секаде каде постои потреба од проектирање, имплементација и одржување на компјутерски системи. Дипломираниот инженер од овој профил својата кариера може да ја гради во индустријата, во јавниот и услужениот сектор, но, особено во компаниите за развој на компјутерски системи, системите што треба да работат во реално време, системите за поддршка на телекомуникациски услуги, услуги базирани на интернет, напредни кориснички интерфејси, апликативни решенија поврзани со дизајн и имплементација на компјутерски системи и друго.
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
2.1 Времетраење: 3 години (6 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии, насока компјутерско инженерство
2.2 Времетраење: 4 години (8 семестри)
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока компјутерско инженерство
3. Наставна програма
Во наставната програма е предвидено да има 18 задолжителни предмети, 9 изборни на ниво на факултет и 3 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува тригодишни, односно 24 задолжителни предмети, 12 изборни на ниво на факултет и 4 изборни од Универзитетска листа во случај кога студентот завршува четиригодишни студии.
Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како:
- Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити.
- Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити.
- Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3.
Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.
Course | Credits | |
---|---|---|
Дизајн на дигитални кола | 6.00 | Mandatory Courses |
Калкулус 1 | 6.00 | Mandatory Courses |
Професионални вештини | 6.00 | Mandatory Courses |
Структурно програмирање | 6.00 | Mandatory Courses |
Физика | 6.00 | Mandatory Courses |
Course | Credits | |
---|---|---|
Course | Credits | |
---|---|---|
Дискретна математика | 6.00 | Mandatory Courses |
Калкулус 2 | 6.00 | Mandatory Courses |
Компјутерски архитектури | 6.00 | Mandatory Courses |
Објектно-ориентирано програмирање | 6.00 | Mandatory Courses |
Course | Credits | |
---|---|---|
Компјутерски компоненти | 6.00 | Elective courses |
Креативни вештини за решавање проблеми | 6.00 | Elective courses |
Маркетинг | 6.00 | Elective courses |
Објектно ориентирана анализа и дизајн | 6.00 | Elective courses |
Основи на веб дизајн | 6.00 | Elective courses |
Основи на сајбер безбедноста | 6.00 | Elective courses |